погушка | св.

Гушка некого малку, кратко време.

под | м.

Долната рамна површина на просторија по која се оди. Дрвен под. Земјен под. Поплочен под.

под | предл.

Пространствено значење: а) Место од долната страна на нешто каде се одвива дејството. Седиме во дворот под липата. Под стреата на новата куќа. б) Место на долната, пониската страна од нешто, во подножјето на планински предел и сл. Се криеше во прнарот под ридот. Се пробива патот до неколку села под Јабланица. Војниците се групираа под селото.

под- | претс.

(пот- пред безвучна согласка) Претставка / префикс во состав на глаголи, именки и придавки со следните значења.

подава | несв.

подаваница | ж.

Детска игра на подавање (обично) топка.

подави | св.

Удави сите, сè со ред;

подаволка се | св.

Се даволка малку, кратко време; (се).

подагра | ж.

Болест на зглобовите и вените на нозете или на рацете; костобол.