подбеси се | св.

За рана ‒ се влоши, загнои (од вода, студ и сл.). Му се подбесило пресеченото место на раката.

подбив 1 | м.

Подсмев, навредлива шега или постапка, исмејување, презирно однесување кон некого или нешто. За срам и за подбив станал.

подбив 2 | м.

Подлога, темел.

подбива | несв.

подбивач | м.

Тој што сака да се подбива, што е склон на подбивање; се. Се сторија подбивачи. Подбивачите не разбираа.

подбивен | прид.

Што содржи, што изразува подбив; Подбивен поглед. Подбивна насмевка. Подбивни зборови.

подбиде | св.

Испроба, искуша малку некого, наведе да се искаже за нешто, да открие своја намера, тајна, мислење и сл. Подбиди го дали знае што има ново в чаршија.

подбие | св.

Набие нешто во основата. Го подбил ѕидот.