податен | прид.
податлив | прид.
Што лесно може да се обработи, да се обликува, да послужи за нешто. Ликовна техника што само кај добар уметник е податлива за преливи и тонови...
податност | и.
податок | м.
Факт што помага нешто да се дознае, да се докаже, да се реши или да се заклучи. Биографски податоци. Лични податоци. Статистички податоци.
подајник | м.
подбегне | св.
Подизбега малку, се потргне настрана од дофат или од пат. Само што помисли дека ќе го фати, кучето пак му подбегна.
подбел | м.
Лековито растение со бели, мовливи лисје и со жолти цветови што расте по влажните наноси, речни брегови и ниви; Tussilago farfara.
подбелее | св.
подбели | св.
Побели, обели малку, донекаде. Многу рано косата му подбелела.
подбере | св.
Скине, набере лист, плод одоздола. Тутунот треба веќе да се подбере.