подбие се | св.

Се пошегува со некого, направи шега со некого, на нечија сметка. Девојката се подбила шега со момчето.

подбира | несв.

подбишега | ж.

Со него децата си тераа подбишега.

подбор | м.

Избор, одбир на лица или на предмети. Секретарката ќе врши подбор на архивска граѓа. Наставникот прави подбор на текстови за ѕидниот весник.

подбради | св.

Забради шамија или шал врзувајќи ги краиштата под брадата.

подбрадник | м.

Дел од женска народна носија: а) Везено парче што се носи на градите. б) Лента, врвца и сл. што ја држи капата и се носи под брадата.

подбрадок | м.

Задебелено ткиво под долната вилица; гуша.

подбричи | св.

Избричи оддолу, по краиштата. Берберот му ги подбричил мустаќите.