подбрка | св.

Потрча по некого бркајќи го донекаде. Ме подбрка со сукалото низ дворот.

подбркне | св.

Се стрчне по некого бркајќи го донекаде. Ги подбркна децата и тие се разбегаа како пилци со гласен вик.

подбуни | св.

Поттикне на буна, на бунт. Го подбуни народот на бунт, па се повлече.

подбутне | св.

Турне, оттурне нешто малку, слабо. Подбутни го креветот уште малку накај ѕидот. Ги подбутна дрвата во огнот подобро да горат.

подбуцне | св.

Буцне малку, до одреден степен. Подбуцни го огнот, загаснал.

подбуцнувач | м.

Тој што подбуцнува на кавга, на расправија. Во одделението тој беше подбуцнувач на сите кавги и тепачки.

подбуцнувачки | прид.

Што се однесува на подбуцнувач; што служи за подбуцнување. Подбуцнувачка пропаганда.

подвал | м.

Потпорка на бочва или на друг голем сад за да стои рамно.