подвари | св.

Повари само малку за подоцна да се продолжи со готвење; обари. Го подварив месото за утре.

подварок | м.

Подварена кисела зелка со печено месо.

подведе | св.

Доведе нешто во врска со поширок круг соодветни појави, сведе под ист поим. Сите тие историски податоци тој ги подведе под ист наслов.

подведувач | м.

Лице што се занимава со подведување жени.

подвез | м.

Вид вез на женска народна носија. Таа имаше кошула со подвез од колковите до икрите на нозете.

подвезок | м.

Дел од вез на ракав на женска народна носија.

подвене | св.

Свене малку, донекаде, не целосно. Му подвенале лисјата на цвеќево.

подвеска | ж.

Лито ткаена тенка лента за врзување на чорапите.

подвив | м.

Раб на облека. Подвивот на здолништето се отшил.

подвива | несв.