подгушник | м.
подгушница | ж.
поддаде | св.
Даде малку, обично кришум. Му поддаде тој на братот некој денар да ја помине зимата.
подделне | св.
Делне малку, слабо, само донекаде;
поддотера | св.
Дотера, украси уште малку, донекаде. Поддотерајте ја уште малку невестата оти идат сватовите. Ќе ја поддотераме уште малку работата.
поддојде | св.
Одејќи, се приближи малку или уште малку.
поддржател | м.
Лице што поддржува нешто (идеја, лице, партија, движење и сл.). Тие се поддржатели на новите идеи во партијата.
поддржи | св.
Даде поддршка. Тој ја поддржа иницијативата за штрајк. Родителите ја поддржаа идејата на професорот за дополнителна настава. Граѓаните го поддржаа протестот на самохраните мајки.
поддршка | ж.
Поддржување, прифаќање на нечии идеи, настојувања, работа, дејствување и сл.; потпора, поткрепа Березервна поддршка. Дадовме поддршка на таа иницијатива. Твојата поддршка ми е многу важна.
поддувне | св.
Дувне малку, во некоја мера. Ветерот поддувна од морето.