подгрбавен | прид.
Што не може исправено да се движи, што се подгрбавил; што изгубил исправено држење. Подгрбавена старица
подгрбави | св.
Изгуби исправено држење поради болест, старост и сл. Тешкиот живот го подгрбави.
подгрее | св.
Загрее, стопли нешто што е истинато, најчесто храна. Домаќинката го подгреа вчерашниот ручек и им даде на децата да јадат. Мајката им го подгреа млекото на децата.
подгризе | св.
Со гризење оштети одоздола. Глувците го подгризале килимот.
подгризне | св.
Гризне, касне нешто малку, во ограничена мера. Кога дојдов од работа, подгризнав малку.
подгрлник | м.
Ѓердан, ниска од златни или други пари што се носи на самиот врат.
подгрлница | ж.
(дијал.) Коска што се наоѓа под грлото кај птиците.
подгрупа | ж.
Дел, подраздел на група.
подгушен | прид.
Што е под гушата.
подгушка | ж.
подбрадок.