подзаплаши | св.
Заплаши, застраши некого малку, во некоја мера, донекаде. Ги подзаплашија селаните да не се бунат. Стариот ги подзаплаши децата со бастунот в рака.
подзапне | св.
Запне малку, донекаде; запне Работата малку подзапна. Преговорите подзапнаа уште на почетокот.
подзапоставен | прид.
Запоставен малку, донекаде. Тој е малку подзапоставен од домашните.
подзапостави | св.
Запостави нешто во извесна мера, донекаде. Ги подзапостави испитите.
подзапраша | св.
Запраша малку, донекаде. Таа подзапраша за соседот, ама кога не доби одговор, не запраша уште еднаш.
подзапре | св.
Запре движење на некого или на нешто за кратко време за пак да продолжи. Полицаецот ја подзапре колоната возила, колку да помине амбулантната кола. Тој ги подзапре жените што носеа вода за да се напие од нивните бардачиња. Тој ја подзапре водата да не тече напразно.
подзапржи | св.
Запржи нешто малку, набрзина. Подзапржи некоја пиперка, па да ручаме.
подзапрува | несв.
подзарадува | св.
Израдува некого малку, кратко време, во некоја мера. Им купи по нешто на децата, да ги подзарадува малку за празникот.
подзарамни | св.
Зарамни малку, згора-згора. Тој ја подзарамни леата и почна да сади кромид. Таа го подзарамни фустанот, се изгледа од сите страни и излезе надвор.