подзанемари | св.

Занемари, запостави малку, донекаде. Од премногу обврски, таа ја подзанемари хигиената во куќата.

подзаниша | св.

Заниша, залула малку, во мала мера. Го подзаниша малку детето, колку да земе залет.

подзаоблачи се | св.

Се наоблачи малку, донекаде. До вечера небото се подзаоблачи.

подзаоблен | прид.

Што е заоблен малку, во некоја мера. Подзаоблени врвови.

подзаобли | св.

Заобли малку, до извесна мера, донекаде. Крајчињата ги подзаобли малку и ги свитка нанадвор.

подзаостане | св.

Заостане малку поназад од другите; заостане Нашиот тркач подзаостана малку.

подзаостри | св.

заостри_1_2

подзапали | св.

Запали малку, донекаде. Подзапали го огинот, ладно е.

подзапира | несв.

Застанува, запира по малку, повремено во од, во движење, во некое дејство. Коњите и магарињата подзапираа под тешкиот товар. Полицаецот подзапира, се заслушува и пак продолжува со обиколката. Возот подзапира на локалната станица, но не застанува ако нема патници.

подзаплакне | св.

Заплакне само малку, недоволно. Ја подзаплакна чашата и така ја остави на масата.