подизретчи | св.

Изретчи малку, само донекаде. Подизретчи го расадот, многу е густ.

подиктира | св.

Диктира текст малку, кратко време. Професорот подиктира, па застана и се замисли.

подисипе | св.

Исипе, излие малку, донекаде. Подисипа од чашата пред да му ја подаде на детето да се напие вода.

подиситни | св.

Иситни малку, донекаде. Подиситни го месото на помали парчиња пред да го ставиш во манџата.

подискара | св.

Искара малку, донекаде;

подискастри | св.

Искастри малку, во некоја мера. Попладнето тој ги подискастри гранките на трендафилот.

подискашла | св.

Искашла малку, со кашлање исфрли од дишните органи нешто во мала количина. Болниот како да подискашла крв, така ми се виде.

подискласи | св.

За жито ‒ искласи малку, донекаде. Житата подискласиле.

подископачи | св.

Ископачи шума, дрвја малку, донекаде. Подископачија малку од шумата, колку за едно нивче.

подискорне | св.

Искорне малку, во одредена мера. Подискорна малку од плевелот, ама се замори и седна да се одмори.