подискоси 1 | св.
Искоси трева малку, донекаде.
подискоси 2 | св.
Искоси, стави во коса положба малку, донекаде. Подискоси го уште малку килимот в лево.
подискриви | св.
Искриви малку, до определен степен. Го подискриви малку вратот напрегајќи се да види подобро.
подискутира | св.
Дискутира малку, кратко време. Подискутиравме малку за настанатиот проблем и се договоривме како ќе работиме понатаму.
подиспара | св.
Испара малку, донекаде. Подиспарај го џемперот до под мишките.
подиспегла | св.
Испегла малку, донекаде. Подиспеглав некоја кошула, колку за утре и задутре.
подиспече | св.
Испече малку, донекаде.
подисплаши | св.
Исплаши малку, донекаде. Го подисплаши детето да не оди ноќе само по шумата.
подиспостен | прид.
Што е испостен малку, донекаде. Подиспостена земја.
подисправен | прид.
Што е малку исправен, не сосема. Подисправена перница.