подизмачка | св.
Измачка малку, донекаде.
подизмени | св.
Измени малку, донекаде. Некои работи се подизменија во последно време на подобро.
подизмести | св.
Измести малку, донекаде. Го подизмести ременот на пушката што го притискаше на рамото.
подизмие | св.
Измие малку, во ограничена мера. Го подизми бурето за зелка.
подизмори | св.
Измори малку, донекаде. Тој ги подизмори аргатите што му го копаа лозјето.
подизникне | св.
Изникне малку, донекаде. Подизникнала трева по потеката.
подизострен | прид.
Што е малку, донекаде изострен. Тој отсекогаш имал подизострен осет за убавина. Подизострен став. Подизострен однос.
подизостри | св.
Изостри малку, донекаде, во некоја мера, повеќе или помалку. Арно си го подизострил ножот.
подизрадува | св.
Израдува некого во извесна мера, донекаде. Девојчето ги подизрадува родителите со своите успеси.
подизрамни | св.
Израмни малку, донекаде. Ги здипли и ги подизрамни алиштата со рацете и без да ги пегла, ги стави во плакарот.