подисправи | св.
Исправи малку, донекаде, да стои, да биде право. Командантот застана пред пофалениот војник и му ја подисправи капата.
подиспразнет | прид.
Што е малку, донекаде испразнет. Отпи од подиспразнетото шише.
подиспразни | св.
Испразни, отпразни малку. Подиспразни од шишето, преполно е.
подиспрати | св.
Испрати малку, донекаде, до некое место. Таа ги подиспрати гостите до портата.
подиспраша | св.
Испраша за многу нешта малку. Старата го подиспраша момчето за сите негови по дома.
подистави | св.
Истави, помести нешто малку, само донекаде. Подистави го детето од патот, ќе го згазат минувачите. Таа ги подистави книгите од себе и се загледа низ прозорецот.
подистине | св.
Истине малку, донекаде. Нека подистине супата, па потоа јади.
подистреби | св.
Истреби, исчисти нешто во некоја мера, донекаде, колку што е можно. Го подистреби оризот од глотки.
подистури | св.
Истури малку, мало количество од нешто. Подистури малку од гравот, многу е.
подистутка | св.
Истутка малку, донекаде. Го подистутка листот хартија пред да го фрли.