подлив | м.

Повреда, модрица со плоснат облик на поголема површина на кожата или на слузокожата.

подлизне 1 | св.

За течност ‒ истече по садот, се излее малку од некој сад. Кафето ми подлизна на масата.

подлизне се 2 | св.

Се лизне малку со јазикот;

подлизува се | несв.

Се додворува некому лицемерно, со скриени намери. Веќе цел час ми се подлизува, ама уште не кажал што сака.

подлизувачки | прид.

Што се однесува на подлизување, на додворување. Подлизувачки зборови. Подлизувачко однесување.

подлизурко | м.

Лице што се подлизува, што се додворува лицемерно. Такви подлизурковци и шпиони имаше колку ти душа сака.

подлисток | м.

Фељтон во весник, обично посебно графички оформен. Книгата најпрвин е издавана во подлистоци на официјалниот неделник.

подло | прил.

На подол начин. Подло разгледуваше наоколу.