подлога | ж.
Основа, темел, база на што се гради објект, се поставува нешто друго. Цврста подлога. Песочна подлога. Влажна подлога. Дрвена подлога.
подложен | прид.
Што е без отпорна сила; што е склон кон нешто, зависен од нешто. Тој е подложен на влијанија од средината. Подложни на болести. Подложно на ново вреднување.
подложи | св.
Подметне, постави, поткладе. Старите чевли ги подложи со нов ѓон.
подлока | св.
За вода ‒ поткопа одоздола. Поројот го подлокал патот. Водите на реката ги подлокале корењата на дрвјата.
подлост | ж.
Особина на тој што е подол; нискост, нечесност.
подлошка | ж.
Предмет што се става под друг предмет; подлога 4. Под креденецот ставија подлошки да не се оштетува паркетот. Под чашите домаќинката ставаше подлошки од резбано дрво.
подлути | св.
За рана ‒ влоши состојба, раздразни рана, болно место. Таа маст само ја подлути раната.
подлутнува | несв.
За јадење ‒ лути малку, во некоја мера. Пинџурот подлутнува малку.
подмама | ж.
Лага, измама. Нè изигра кадијата со подмама
подмами | св.
Измами во некоја мера. Топлиот ветер ги подмами дрвјата да расцветаат порано. Момчето го подмамиле некои деца од другата улица.