подлакти се | св.
подлактница | ж.
Дел од раката што се наоѓа под лактот, меѓу дланката и лактот.
подланица | ж.
Трева што расте во житото; Caucalis daucoides. Житото е чисто, пречисто, од граор, од трторика, од зла трева подланица.
подлегне | св.
Прилегне, легне за кратко време. Тој подлегна малку да одмори.
подлее | св.
Истури, лее вода или друга течност под нешто. Полевајќи ја бавчата, ги подлеа и жените што нижеа тутун.
подлежи | несв.
Спаѓа во нешто, е изложен на некаква контрола, ревизија, класификација и сл. Неговата поезија не подлежи на сторога временска класификација и систематизација. Уметничката слобода не подлежи на дефинирање. Карактеристично е што сите ракописи не подлежат во еднаква мера на редакциски исправки.
подлесница | ж.
Плетена коса, мала плетенка сплетена под друга, поголема плетенка.
подлетарка | ср.
Птица, пиле што учи да лета, со недооформени крила; полетаче. Од гнездото паднало едно орле подлетаче. Петле подлетарче.
подлетне | св.
Летне малку, кратко време и на кусо растојание. Пилето подлетна од дрвото, ама веднаш падна.
подлец | м.
Подмолен, подол, нечесен човек. Тој бил подлец, безобѕирен и поткуплив. Сите тие се крунисани подлеци.