поднакашла се | св.
Се понакашла малку. Тој се поднакашла пред влезе во одајата.
поднакрене се | св.
Се накрене, се поврати, се соземе по болест или друга слабост, неуспех и сл. Паднал тешко болен, едвај се поднакренал по долгото лечење. Беа многу западнати, сега се поднакренаа.
поднакривен | прид.
Што се поднакривил, се настранил малку. Поднакривен врат. Поднакривен оџак.
поднакриви | св.
Накриви, постави нешто накриво. Ја поднакривил капата и подоко гледа во момите.
поднакривне | св.
Накривне при одење малку, донекаде. Поднакривна еднаш, двапати и кога виде дека никој не го гледа, заоде право.
подналутен | прид.
Што се налутил малку.
подналути | св.
Налути некого малку, во некоја мера. Го подналути неговата постапка.
поднамали | св.
Намали нешто во некоја мера, малку. Ги поднамаливме трошоците, ама уште треба да штедиме.
поднамести | св.
Намести нешто на соодветно место или во определена положба. Таа си го поднамести фустанот пред да излезе. Тој ја поднамести вратоврската и влезе во собата. Ги поднамести книгите на масата.
поднамириса | св.
Намириса со мирис малку, донекаде.