поднамуртен | прид.
Што има малку намуретен, нерасположен, незадоволен израз на лицето.
поднамурти се | св.
Се намурти малку, донекаде. Тој се поднамурти и свика по децата.
поднаостри | св.
Наостри малку, донекаде. Го поднаостри ножот.
поднапие се | св.
Се напие, се опие малку, донекаде. Гостите се поднапиле и почнале да пеат.
поднареди | св.
Нареди по определен ред, нареди малку подобро. Исчистивме и поднаредивме додека дојдоа гостите.
поднаредник | м.
Подофицер во понизок ранг од наредник во југословенската војска во 1941 год.
поднаслов | м.
Наслов под главниот наслов на текст.
поднасмеан | прид.
Што е малку насмеан. Поднасмеан лик.
поднасмевне се | св.
Се насмевне малку. Тој се поднасмевнал цинично.
поднасмее се | св.
Се насмее малку. Стариот се поднасмеа и продолжи да раскажува.