поднатажи се | св.
Се натажи малку, донекаде. Таа се поднатажи кога ги виде сирачињата слабо облечени.
поднаучи | св.
Научи, усвои знаење малку, донекаде. Децата поднаучија да читаат и да пишуваат. Тој поднаучил руски јазик.
поднаѕре | св.
Наѕре, ѕирне малку, донекаде. Поднаѕрев од зад завесата да видам што се случува надвор.
поднајаде се | св.
Се најаде малку, донекаде. Тој се поднајаде од месото, та за гравот веќе немаше место.
поднебесен | прид.
Што е под небото, многу високо. Поднебесен свод.
поднебје | ср.
Простор под небото, небеска височина. Поднебјето над градот беше сиво.
поднесе | св.
Предаде поднесок, писмено обраќање (молба, жалба, пријава и сл.) до надлежен орган заради решавање на некое барање. Тој поднесе молба за користење годишен одмор. Директорот поднесе оставка.
поднесок | м.
Писмена претставка, барање, спис, документ што се поднесува до некој орган на власта.
поднесувач | м.
Тој што поднесува барање, поднесок, молба или друг документ до државен орган, фирма и сл. Поднесувачот треба да уплати пари на жиро-сметка.
подник | м.
Фиданка што никнала од коренот или покрај него. Дивите подници се отстрануваат.