подои | св.

Даде да цица. Мајката го подои бебето и го стави да спие.

подоко | прил.

Гледа прикриено, без да се забележи. Ја гледа момата подоко и се смешка.

подол | прид.

Нечесен, подмолен. Подол човек. Подла постапка. Подли игри.

подолади | св.

Олади, излади малку, донекаде. Подолади го бостанот во реката, па да каснеме малку.

подопашник | ж.

Ремен под опашот на товарно животно

подора | св.

Со орање одземе од нешто (меѓа, туѓа нива и сл.), изора повеќе од дозволеното. Ја подорал меѓата.

подорешка | ж.

качунка.

подослабен | прид.

Што е заслабнат малку, донекаде. Ми се гледаш подослабен, да не си болен?

подослаби | св.

Стане физички малку послаб. Држеше диета и подослабе малку.