подостарен | прид.

Што е малку, донекаде остарен.

подостари | св.

За човек ‒ стане малку или уште малку постар. Мајка ми како да подостарела од грижи.

подотворен | прид.

Што е отворен само малку, донекаде. Подотворен прозорец. Низ подотворената врата се ѕиркаше слаба светлина. Детето гледаше со подотворена уста од чудење.

подотвори | св.

Отвори малку, донекаде нешто што било затворено, предмет или дел од телото (очи, уста); отвори Ја подотвори вратата да види кој тропа. Го подотвори ковчегот од љубопитност. Ги подотвори закрвавените очи, малку колку да види кое време е.

подотера | св.

Уреди нешто според определни барања да функционира донекаде подобро; дотера 3. Го подотера текстот пред да го пушти во печат.

подоткрие | св.

Открие нешто малку, само донекаде;

подотпара | св.

Отпара малку, донекаде; Го подотпара ракавот до кајшто беше згрешен.

подотпушти | св.

Отпушти малку, донекаде;

подотсек | м.

Посебен дел од отсек

подофицер | м.

Воено лице со помал чин од офицерскиот.