подобен | прид.

Што е способен, погоден за некоја работа. Тој е подобен за таа работа.

подоблече | св.

Облече некого малку подобро. Подоблечи го детето да не настине.

подоближи | св.

Доближи нешто малку или уште малку. Подоближи го столчето малку поблиску до огнот.

подобри | св.

Прави да стане нешто подобро; Новиот снег ќе ја подобри влажноста на почвата. Инспекциските служби значително ја подобрија контролата на производите.

пододбор | м.

Посебен дел од одбор

пододдел | м.

Посебен дел од оддел во установа, од книга и сл. При користењето се означува припадноста на текстот кон литературата или кон некој од нејзините пододдели.

пододмори | св.

Одмори малку, во некоја мера. Аргатите пододморија малку во сенката и пак продолжија да копат.

подозира | несв.

Има, изразува подозрение во некого или во нешто. Никој не подозираше дека ќе се случи тоа.

подозрение | ср.

Претпоставка, сомневање дека има или дека е извршено нешто лошо, нечесно, незаконито. Тој гледаше со подозрение на нив. Селаните ја пресретнаа со извесно сомнение, дури и подозрение. Магловитите подозренија во главата на старецот добиваа одредена смисла.

подозрив | прид.

Што предизвикува подозрение. Подозрив поглед.