подраздел | м.
Посебен дел од раздел. Тој ја организира книгата на неколку раздели и подраздели.
подраздели | св.
Раздели на помали, поситни делови. Ја подразделил книгата на повеќе делови.
подразмести | св.
Размести поинаку од порано. Подразмести ги столовите, да има место за сите.
подразмисли | св.
Поразмисли малку или уште малку, размисли подобро за нешто. Тој подразмисли и реши да го прифати предлогот.
подрака | прил.
Држи некого под лактот, одоздола. Младоженците одеа фатени подрака. Девојките фатени подрака една со друга шетаа по корзото.
подрамни | св.
Рамни нешто сосема или делумно, донекаде. Подрамни ја добро леата пред да го садиш расадот.
подрани | св.
Стане порано од вообичаеното време. Невестата подранила за на вода. Утрото подранивме за на аеродром. Аргатите подранија на жетва.
подрапа | св.
Драпа малку, кратко време.
подрасипе | св.
Расипе малку, донекаде. Детево си играше со радиото, како да го подрасипало.
подраска | св.
Драска малку, кратко време;