подражател | м.
подразбере | св.
Разбере, дознае нешто малку, во некоја мера, само донекаде. Прошета по чаршијата и подразбра дека нешто сериозно се случува. Гледај да подразбереш кога ќе нападнат.
подразбира | несв.
подразбере_1_2
подразбирлив | прид.
Што се подразбира, што може да се подразбере.
подразбистри се | св.
Се разбистри малку, донекаде. Водата во кладенчето се подразбистри.
подразболи се | св.
Се разболи малку, не сосема. Како да се подразболев, не се чувствувам добро.
подразбуди се | св.
Се разбуди малку, не сосема. Дечињата се подразбудија од тропањето, но веднаш потоа заспаа.
подразведри се | св.
Се разведри малку, донекаде. Небото над градот се подразведри.
подразвесели | св.
Развесели некого малку, донекаде. Подразвесели ги гостите, запеј нешто.
подразголи | св.
Разголи малку, донекаде. Подраголи го детево, многу е топло.