подрасне | св.

Малку порасне, порасте. Подраснале децава. Брадата ми подраснала, треба да се бричам. Пилињата подраснале, стасале за колење.

подраспара (се) | св.

Распара нешто малку повеќе.

подрасплете | св.

Расплете малку нешто сплетено. Го подрасплете чорапот до скинатото место.

подраспраша | св.

Распраша некого за нешто малку, во скриена форма, не така јавно. Подраспрашај го одоколу да видиш што се случува.

подрасчекорен | прид.

Што стои со малку расчекорени нозе. Стоеше така подрасчекорена над браздата со мотиката в раце.

подрасчекори | св.

Расчекори малку повеќе. Се потпре на ѕидот и ги подрасчекори нозете.

подрасчисти | св.

Расчисти малку, донекаде. Со раката подрасчисти малку место, колку да седне.

подраче | ср.

Додадено парче на ракавот на женска кошула, дел од народна носија.

подрачен | прид.

Што се однесува на подрачје. Подрачна единица на Министерството за образование и наука.

подрачје | ср.

Географска определба, област, регион, територија. Со пожар е зафатено целото подрачје. Градежните работи ќе се изведуваат на подрачјето на нашата општина.