подрашири | св.

Рашири малку повеќе во просторот. Го подраширија малку паркингот.

подрдори | св.

Дрдори кратко време. Жената подрдоре, подрдоре, виде никој не ја слуша, па си отиде.

подреден 1 | прид.

Што е нареден по некој систем, по некој ред. Убаво подредените книги ги чекаа своите читатели.

подреден 2 | прид.

Потчинет, зависен. Претпоставени и подредени лица.

подреди 1 | св.

Нареди нешто по некој ред, среди по некој систем. Таа ги подреди книгите на полицата според авторите. Тој својата книга сам ја подреди. Асистентите ги подредија ливчињата по азбучен ред. Комјутерот ги подреди податоците според зададената програма.

подреди 2 | св.

Стави во зависност; потчини. Не можеше да ги подреди сите и да прави што сака.

подреже | св.

Со режење скрати, потсече нешто. Ги подрежа исушените гранчиња.

подрек | м.

Урок. Изгорена по детето, таа поверувала во подрекот.

подреме | св.

Дреме малку или кратко време. Подрема на каучот пред да се реши да стане и да фати некоја работа.