подреси | св.

Стави оздола реси, украси со реси. Скутината ја подреси со алови реси.

подрече | св.

Рече малку само навестувајќи, во прикриена форма. Таа ми подрече за таа работа. Тој ѝ подрече на мајка си дека сака да се жени. Во селото подрекол дека бил жив и се оженил на туѓина.

подржави | св.

Направи да биде државно. Го подржавија полето.

подржи | св.

а) Држи малку, кратко време. Бабата го подржа детето додека мајка му да му спреми јадење. б) Задржи во одредана позиција. Му ја подржа раката во својата. Ја подржа раката на челото на детето и рече дека мисли дека нема температура. в) Задржи некого во одредена положба. Ја подржа така застаната на вратата. Стариот го подржаа во болница.

подрива | несв.

подривач | м.

Тој што подрива, што поткопува нешто со цел да го сруши. Подривач на нашата работа.

подривачки | прид.

Што може да подрие нешто, да сруши нешто.

подривен | прид.

подрие | св.

Поткопа. Надојдената вода го подрила темелот на куќата. Реката го подрила брегот.

подрипне | св.

Рипне еднаш или малку. Тој подрипна од столчето кога чу што се случило. Коњите подрипнаа збоднати од пајтонџијата.