подрмоли | св.

Дрмоли малку, кратко време. Го подрмоли детето да каже, ама тоа само молчеше.

подрнда | св.

Дрнда памук и сл. кратко време.

подрнка | св.

подрнда_2

подробен | прид.

Што е со многу подробности, детален, исцрпен. Подробен извештај. Подробни податоци. Подробни информации.

подроби | св.

Дроби, ситни малку, кратко време. Подроби некое време од зелката, па му здодеа и ја остави.2. (прен., разг.) Зборува сè и сешто кратко време. Подроби, подроби уште малку додека не дошол татко ти, па ќе видиш.

подрони | св.

Поткопа со ронење, одрони. Водата го подронила брегот кај свијокот.

подроси | св.

Роси малку, кратко време. Подроси ситен дождец.

подруг | прид.

Што е различен, поинаков од друг. Тој е подруг човек. Ова беше подруга љубов од таа по која копнеела во лудите години. Сега е подруго време.

подругарува | св.

Другарува со некого малку, кратко време. Подругарува со него едно лето пред да појде на школување во големиот град.

подружи | св.

Дружи некого кратко време. Го подружи некое време.