подружница | ж.

Филијала, друштво, основна клетка на поголема организација. Синдикална подружница. Највисок орган на друштвото или на подружницата е собранието.

подрум | м.

Во подрумот чувавме туршија, качиња со сирење, расолна зелка и друго.

подува 1 | св.

Дува малку, кратко време. Подувај сам, побргу да ти се олади супата.

подувне | св.

Дувне малку, во некоја мера. Подувни малку на млекото побрзо да остине.

подугасне | св.

Угасне малку, подзагасне. Сте го подугаснале огнот.

подуе | св.

Рашири обем на нешто со дуење, дување, со внесување премногу воздух или гас. Детето зеде воздух, ги поду образите и силно го испушти воздухот. Ветрот ја поду завесата низ отворениот прозорец.

подуен | прид.

Глаголска придавка од подуе.

подузди | св.

Стави узда. Го подузди коњчето.