поизвалка | св.
Извалка уште повеќе или на повеќе места. Таа го поизвалка здолништето.
поизвежба | св.
Извежба донекаде или малку повеќе. Тие ги поизвежбаа сите задачи.
поизгладни | св.
Изгладни некого во голема мера, многу. Тој ги поизгладни децата.
поизгмечи | св.
Изгмечи уште повеќе, во голема мера. Тие требаше да го поизгмечат грозјето.
поизитри (се) | св.
Се изитри малку, донекаде или уште малку. Тој со годините се поизитри.
поизлади | св.
Излади малку или уште малку.
поизмати | св.
Измати уште малку, уште повеќе. Тој ја поизмати водата.
поизмачи | св.
Измачи некого во голема мера, многу. Старата ги поизмачи децата. Неговата болест ги поизмачи сите.
поизмеша | св.
Измеша донекаде или уште повеќе. Таа ги поизмеша работите. Тие ги поизмешаа картите.
поизна- | претс.
Усложнета претставка со по- кон двојно префиксиран глагол (поизнавалка) со значење нагласено дејство или состојба до највисок степен според значењето на веќе префиксираниот глагол: поизнабоде, поизнавади, поизнагледа, се поизнаигра, поизнајаде, поизнакити, се поизналежи, поизналути, поизнапие, се поизнаслуша, се поизнашета.