позоба | св.

Зоба малку, кратко време. Коњот позоба малку и се тргна настрана.

позрее | св.

Зрее малку или уште. Оставете ги крушите да позреат, па потоа ќе ги собереме.

позјапа | св.

Зјапа, гледа, се загледа во некого малку, кратко време. Таа позјапа малку во насобраните деца и си замина.

пои | несв.

а) Дава вода да пие на добиток; води на поило. Секое утро ги пои кравите на потокот. Пазарџиите го поеја добитокот со вода. б) (разг.) Дава вода или некаква течност некому (на човек). Таа ги пои децата со природни сокови. Таа го пои со чај од горки треви за да оздрави.

поигра | св.

Игра малку, кратко време. Децата поиграа на полјанката еден час. Поиграа на орото. Левото око му поигра.

поиз- | претс.

Сложена претставка за образување префиксирани глаголи: поизбега, поизвади, поизгони, поизмие, поизлепи, поизмеси итн.

поизбледи | св.

Избледи малку, донекаде или уште малку. Хартијата поизбледи со годините.

поизбрза | св.

Избрза малку повеќе од другите, претера во брзање. Таа поизбрза пред сите нас. Ние поизбрзавме со заклучоците. Тие поизбрзаа да ја соопштат веста.

поизбрише | св.

Брише малку, донекаде или уште малку. Таа го поизбриша подот. Тие го поизбришале стаклото од прозорецот за да можат да гледаат надвор.

поизвади | св.

Извади малку или уште повеќе; извади 2. Извади многу нешта, извади сè што имало, што можело да се извади. Таа ги поизвади сликите од кутијата и ги простре на масата. Домаќините поизвадија секакви јадења.