поквачи | св.
Квачи малку;
поквичи | св.
Квичи малку, кратко време. Кучето поквичи, си ја собра опашката и замина. Детето поквичи малку.
покер | м.
Хазардна игра со карти. Цела ноќ играа покер.
покерџија | м.
Играч на покер. Покерџиите се собираа секоја вечер и со часови играа карти со големи влогови.
покива | св.
Кива малку, неколку пати. Детето покива малку и се смири.
покикоти се | св.
Се кикоти малку, кратко време. Таа се покикоти придушено.
покима | св.
Кима со главата малку, кратко време. Тој само покима со главата и ништо не рече.
покине | св.
Кине малку (цвеќиња и сл. ). Покина малку од цвеќињата. Таа покина неколку листови од оревот.
покисне | св.
Кисне малку , некое време; кисне1 и кисне2.
покити | св.
Кити, накити малку или кратко време; 1, накити. Ја покитија елката. Тие ја покитија салата набрзина.