покладен | прид.

Што се однесува на поклади. Покладна ноќ. Покладна вечера. Покладни песни.

поклади | и.

Во христијанската религија денот спроти пости кога последен пат се јаде мрсно. Свадбите се прават пред поклади. По поклади не се јаде месо и не се јаде мрсно. Месни поклади.

покладува | несв.

Држи поклади. Вечерта, спроти пости тие покладуваа.

поклати | св.

Клати малку, кратко време. Тој ги поклати нозете.

поклацка | св.

Клацка малку, кратко време. Таа го поклацка млекото во шишето.

поклекне | св.

Клекне малку; клекне 1б. Тој поклекна за да ја допре земјата.

поклепа 1 | св.

Клепа малку, кратко време,

поклепа 2 | св.

Клепа, трепка со очите малку, кратко време;

поклечи | св.

Клечи малку, кратко време.

поклинка | св.

Клинка малку, кратко време.