покровец | м.
Парче текстил од козина за покривање крупен добиток. Тој го фрли покровецот врз коњот.
покровител | м.
Заштитник, закрилник, патрон. Тој е покровител на музички настани. Покровители на децата без родители.
покровителство | ср.
Заштита, закрила, поддршка; патрон, патронат. Без неговото покровителство ние нема да направевме ништо. Неколку покровителства дојдоа од моќни стопанственици. Овој собир е под покровителство на Министерството за култура.
покровителствува | несв.
Овозможува, дава покровителство; помага, поддржува, заштитува. Најбогатите фирми покровителствуваа во овој настан.
покровче | ср.
покрои | св.
Крои малку или уште малку време; крои.
покроце | прил.
Пополека, побавно, многу внимателно. Оди покроце.
покрпи | св.
Крпи малку или уште малку време;
покрстеник | м.
Тој што е покрстен, што од друга вера преминал во христијанската.
покрсти | св.
Изврши над лице од друга вера обред на примање на христијанска вера. Мисионерите ги покрстија овие племиња.