покривач | м.

покривка.

покривен | прид.

Што служи за покривање, што се однесува на покрив. Покривна граѓа. Покривни материјали. Покривни простории.

покриви | св.

Криви малку, кратко време.

покривка | ж.

Ткаенина за покривање, покривало, покривач. Убави покривки за на маса. Волнена покривка. Свилени покривки. Нова покривка со везени цветови.

покрие | св.

а) Стави нешто врз некого или врз нешто со цел да се заштити, да се засолне, да се зачува. Таа го покри детето со волнено ќебе. Тој со дланка си ја покрил устата. Покриј го лебот за да не се суши. б) Засени, скрие од поглед. Небото го покрија темни облаци. Сенката од шапката му го покриваше лицето. Еден облак го покри сонцето.

покритие | ж.

Во банкарството ‒ располагање со вредносни средства со кои се покрива долгот или некоја друга финансиска обврска. Чекови без покритие. Списание со финансиско покритие. Сметка со покритие.

покритикува | св.

Критикува малку или уште малку.

покркори | св.

Кркори малку, некое време.

покркоти | св.

Кркоти малку, некое време.

покров | м.

покривка_1; покривач. Козинави покрови.