покрши | св.

Крши малку или уште малку повеќе.

покубе | св.

Кубе малку или кратко време.

покуда | ж.

Напад со зборови, прекор, приговор. Таа е за секаква покуда. Само покуди слушам од него.

покуди | св.

Куди, прекори, искара малку; Таа ги покуди децата. Наставникот ги покуди учениците.

покука | св.

За кукавица ‒ кука малку, кратко време.

покукурига | св.

Кукурига малку, кратко време.

покупка | ж.

Тоа што се купува, обично поситни потребни нешта. Во торбата имаше различни покупки. Оди по покупки, а се враќа со скапи чевли.

покуќешка | ж.

Жена што оди по куќи и води бесцелни разговори. Таа беше покуќешница, а и ќерките ѝ станаа покуќешки

покуќнина | ж.

Мебелот и сите предмети во една куќа. Стара покуќнина. Традиционална покуќнина. Модерна покуќнина. Селска покуќнина.

пол 1 | м.

Припадност на човек според определени физиолошки, психолошки, физички и телесни карактеристики ‒ машки и женски пол; мажјак и женка кај животни. Машки пол. Женски пол. Неопределен пол. Изедначување на половите. Кој пол е детето? Женка е животно од женски пол.