полетарче | ср.

Птица што ги прави првите обиди да лета. Полетарчето од гнездото се обидуваше да летне. Цело јато полетарчиња.

полетен | прид.

Исполнет со полет, со елан. Полетни песни. Полетен ритам. Полетна мисла.

полетиште | ср.

Место од каде што се одвојува од земјата тоа што полетува. Авионот дојде до полетиштето.

полецка | прил.

полжав | м.

(зоол.) Животно од класата мекотели, живее на копно, во солени и слатки води, со меко тело, покриено со едноклеточен епител, некои форми се составени и од коскеста куќичка; Gastropoda Molluska. Собираа полжави рано наутро. Ливадата беше полна полжави. Морски полжави.

полжавест | прид.

Што има форма на полжав или некоја карактеристика на полжав. Слатките имаа полжавести форми.

полжавски | прид.

Што му припаѓа на полжавот. Полжавска куќичка.

полза | ж.

Поволна последица, поволен резултат или материјална корист; Работи во своја полза. Од оваа работа имаше голема полза.

ползавец | м.

Заедничко име за дрвенести и зелјести растенија што ползат и се обвиваат околу други растенија или по ѕидови. Ѕидовите беа покриени со ползавец. Ползавецот ја следи височината на дрвото.