ползач | м.

Заедничко име за животни што спаѓаат во групата што ползи. Тоа се ситни животни ползачи.

ползи | несв.

Лази, се влече. а) За животно влечуга. Змијата ползи по земјата. Полжавите ползеа по тревата. б) За човек, за дете. Детето ползеше по креветот. Сега на старост ползи како дете.

ползува | несв.

Принесува полза некому; користи. Тревките ќе ми ползуваат за чаеви. Вниманието кон родителите ќе му ползува нему најмногу.

ползувач | м.

Тој што има полза од нешто; Ползувач на архивите во Македонија.

поли- | претс.

Како прв дел од именски сложени зборови означува дека е: многу, повеќе, многукратно тоа што го означува вториот дел од сложенката (полином, полифонија, поливалентен).

полиамид | м.

Вид хемиска супстанција што се користи за изработка на најлони и сл. материјали.

полиандрија | ж.

Брачна врска на една жена со повеќе мажи.

поливалентен | прид.

Што е со повеќе валенции, што е повеќевалентен; Поливалентни елементи. Поливалентни глаголи.

поливаленција | ж.

Што има поголема валенција, со повеќе валенција;