паѓа | несв.
падне.
паганизам | м.
паганин | м.
Многубожец, идолопоклоник.
паганство | ср.
Верување во разни природни сили олицетворени во божества; многубоштво, идолопоклонство. Примајќи го христијанството, нашите предци го напуштиле паганството. Народни верувања од време на паганството.
пагинација | ж.
Означување броеви на страниците од книга, ракопис и сл. Навраќајќи се на ракописот, авторот додавал делови така што има повеќе пагинации.
пагинира | св. и несв.
Обележи, обележува страница со број на книга или на ракопис. Четвртата тетратка ја напишал со кирилично писмо, но не ја пагинирал.
пагода | ж.
Вид будистички храм во земјите на Далечниот Исток со специфичен стил на градба.
пагур | м.
Мал сад за ракија со плоскава форма, изработен од стакло или бакар; плоска. Се подаваа пагури и шишиња ракија. Извади пагур од појасот. Домаќинот шмркна ракија од пагурот.
пад | м.
а) Движење одгоре надолу кон земјата под дејство на сопствената тежина, паѓање. Падот на авионот се случил во водите на океанот. Падот на стаклената чаша го исплаши детето. б) Паѓање поради губење рамнотежа, при трчање и сл. Се струполи човекот, писок и извик го проследија падот.
падар | м.