павка | несв.

Прави повторливи слаби движења со нешто. а) Мавта. Девојката павкаше со ладалото. Птицата павкаше со крилјата. б) Тресе, растресува. Домаќинката ги павкаше чаршафите, перниците.

павкало | ср.

ладало.

павлака | ж.

(само едн.) Густ, мастен слој што се создава на површината од млекото; кајмак. Кисела павлака. Леб и павлака.

павне | св.

Наеднаш направи движење со нешто. Човекот павна со капата. Гавранот павна со крилото.

павта | несв.

Прави повторливи силни движења. а) Мавта нешто или со нешто. Жената расправаше нешто и павташе со рацете. Детето ги павташе нозете под столот. Девојката ја павташе долгата руса коса. б) Прави нешто силно да гори, разгорува. Старицата го павташе жарот во огништето.

павтало | ср.

ладало.