полиграфија | ж.

Графичка, печатарска индустрија.

полие | св.

полиедар | м.

Геометриско тело ограничено со многу страни, многустрано тело. Децата правеа од хартија полиедар.

полиетилен | м.

Синтетична материја, вештачки материјал добиен со полимеризација, со многу широка употреба. Простирките беа направени од полиетилен и многу лесно се бришеа со вода.

полиетнички | прид.

Многунационален, повеќенационален. Полиетнички состав на населението.

полиже | св.

Лиже малку, кратко време.

полизга се | св.

Се лизга малку, некое време. Детето се полизга на санката.

поликлиника | ж.

Специјализирана здравствена установа со повеќе оддели за лекување, за давање разновидна лекарска помош. Во Скопје има неколку поликлиники.

поликлинички | прид.

Што се однесува на поликлиника и што се прави во неа. Поликлиничка зграда. Поликлинички персонал. Поликлинички наод.