поливинил | м.
Материјал со висока отпорност на вода, студ и сл. Масата е направена од поливинил.
полигави | св.
Лигави некого, нешто кратко време.
полигамен | прид.
Што се однесува на полигамија, што има обележја на полигамија. Полигамно семејство. Полигамен партнер. Полигамична заедница.
полигамист | м.
Приврзаник на полигамијата. Во нашата средина нема полигамисти ниту пак некое такво движење.
полигамија | ж.
Брак во кој мажот има повеќе жени; многуженство. Полигамијата е дозволена со закон во некои муслимански земји.
полигенеза | ж.
Настанување, потекло, генеза од повеќе форми. Тие се резултат на полигенеза и носат карактеристики од повеќе форми.
полиглот | м.
Тој што знае многу јазици. Прличев бил надарен полиглот. Во нивното семејство сите се полиглоти.
полигон | м.
Геометриска фигура што има три или повеќе страни и толку агли; многуаголник.
полиграм | м.
Фигура во просторот ограничена со замислени линии. Небесен полиграм. Полиграмот на соѕвездието Орион.
полиграф | м.
Многустран автор, оној што пишува дела од различни жанрови и со различни теми. Македонските писатели од XIX век беа полиграфи.