поликолор | м.
Вид боја за варосување, за боење ѕидови. Ѕидот го поминавме со поликолор. Куќата ја боевме со поликолор.
полилеј | м.
Голем свеќник што виси среде црква. Тие го спуштија металниот полилеј и ги избришаа кристалите што висеа од него. Вечерта светеше полилејот во црквата и повикуваа за Велигден.
полилејски | прид.
Што му припаѓа на полилејот. Полилејски украси.
полилингвален | прид.
Повеќејазичен; Полилингвална нација. Полилингвална книга. Полилингвален говорител.
полимер | м.
Хемиско соединение добиено со полимеризација. Полимерите се познати по својата отпорност на вода. Гумата по својот состав е природен полимер.
полимеризација | ж.
Хемиска реакција при која се поврзуваат мали молекули во големи.
полиморфемен | прид.
Што е составен од повеќе морфеми. Полиморфемни суфикси. Полиморфемни низи.
полиморфизам | м.
(биол.) Постоење различни форми кај еден животински вид. Кај ист вид инсект може да се јави полиморфизам, различни форми.
Полинезија | ж.
Подрегион на Океанија, во центалниот и јужниот дел на Тихиот Океан.
полином | м.
Збир од три и повеќе мономи, повеќечлен алгебарски израз.