полип | м.
(зоол.) а) Морско животно со многу краци. Во септември во морето има многу полипи. б) (само мн.) Животни што живеат прикрепени на едно место во вид на колонии. На карпите во плитките солени води има многу полипи во различни форми.
полира | св. и несв.
Обработи, обработува; мазни, измазнува или премачка, премачкува површина на предмет за да ѝ даде висок сјај. Мајсторите ја полираа масата. Вчера го полиравме мебелот.
полиран | прид.
Што има површина обработена со полирање, премачкана, измазнета за да добие висок сјај. Полирана маса. Полиран мебел.
полирач | м.
Работник што се занимава со полирање, што полира. Полирачите за еден ден ги полираа масите во салата.
полиритмичен | прид.
Музичко дело што има повеќе ритмички разновидности. Полиритмичен џез. Полиритмична мелодија.
полиса | ж.
Документ за осигурување лица, предмети, имот и сл. Девизна полиса. Патна полиса.
полисемија | ж.
Многузначност, повеќезначност на еден збор. Полисемија на морфемите. Јазична полисемија.
полисиндет | м.
(лингв.) Честа употреба на сврзници како врска во сложената реченица. И кој како доаѓал и доаѓа, и кој како минувал и минува се вљубува во оваа земја.
политбиро | ср.
Политичко биро, извршен орган на политичка партија, особено во комунистичките партии. Политбирото на ЦК на КПЈ. Политбирото ги носеше клучните решенија за развојот на државата.
политеизам | м.