политеист | м.
политехника | ж.
Висока техничка школа каде што се изучуваат различни гранки од техниката.
политехничар | м.
Тој што студира или што завршил политехничка школа. Во Заводот за вработување нема политехничари. Тој работи како политехничар.
политизација | ж.
Давање димензија на политика на некоја дејност, искористување и поврзување нешто во полза на нечија политика. Политизација во уметноста. Политизација во спортот. Политизација на науката. Политизација на настаните.
политизира | св. и несв.
Зборува за политика, помине, поминува време во неформални политички разговори.
политика | ж.
Дејност што се однесува на управување на државата во областа на државните работи во земјата и во областа на меѓународните односи. Во тие земји се води јавна политика на територијални претензии.
политикант | м.
Човек што се занимава со дневна политика, дејствувајќи од ситни, лични интереси; интригант во политиката. Тие се политиканти. Тој е политикант кога се во прашање жените. Се појавија сè повеќе политиканти, сè помалку вистински патриоти. Политиканти во науката и во културата.
политиколог | м.
Лице што се занимава со политикологија, специјалист од областа на политичките науки.
политикологија | ж.
Наука што ја изучува политиката, политичките движења и сè што е поврзано со нив.
политир | м.
(само едн.) политура.