политира | св. и несв.
Премачка, премачкува со политура. Целиот мебел го политиравме.
политичар | м.
Лице што се занимава со политика практично и теоретски. Парламентарен политичар. Општински политичар. Професионален политичар.
политичен | прид.
Што има елементи на политика. Политичен пристап. Политично планирање.
политички | прид.
Што се однесува на политика и што е врзан за неа. Политичка организација. Политичка историја. Политичка оценка. Политички проблем. Политичко семејство. Политичка активност. Политичка грешка. Политички затвореник.
политократија | ж.
Владеење на политиката во општеството. Целосна политократија.
политура | ж.
Лак што се премачкува како површински слој врз дрвени површини за да добијат висок сјај. Висококвалитетна политура. Политурата веќе го имаше изгубено сјајот.
полифоничен | прид.
Што се однесува на полифонија. Полифонична традиција во старото македонско пеење. Полифона структура. Полифонично драмско остварување.
полифонија | ж.
(муз.) Многугласна музика, повеќегласно пеење или свирење, при што секој глас има полна мелодиска самостојност. Полифонија од звуци. Полифонија на вокално-инструменталниот сегмент.
полифункционален | прид.
Што е со многукратна функција, што има многукратна, универзална употреба. Македонскиот стандарден јазик е полифункционален. Полифункционално средство за чистење.
полица | ж.
Хоризонтална штица во орман, шкаф, плакар или штица закачена на ѕид што служи за чување, редење различни предмети. На првата полица беа наредени книгите.