полицаец | м.

Припадник на полиција, тој што работи во полиција. Полицаецот нѝ побара патни исправи.

полицентризам | ж.

Состојба или систем на постоење повеќе центри на одлучување со определени меѓусебни односи и степен на самостојност (обично за движења, партии, заедници, религии и сл.).

полицентричен | прид.

Што се однесува на полицентризам, што има повеќе центри на одлучување. Полицентрично раководење. Полицентрично управување.

полиција | ж.

Служба на државна власт што има должност да ги чува редот, законитоста и поредокот во државата.

полк | м.

Воена формација во состав на дивизија или на бригада. Пешадиски полк. Првиот артилерски полк.

полка | ж.

Вид брз танц и музика за таков танц. Цела вечер играа полки и мазурки. Таа научи да игра полка.

полкило | ср.

Половина килограм, мерка за тежина. Полкило цреши. Полкило сирење.

полковник | м.

Висок офицерски чин, меѓу потполковник и генерал. Артилериски полковник.

полководец | м.

Војсководец, водач на полк. Сите се собраа околу полководецот.

полн | прид.

Што е наполнет, исполнет до крај, целосно. Полни чаши вино. Полна тава јадење.