полномаслен | прид.
Што има, што содржи висока масленост. Полномаслено млеко.
полномастен | прид.
Што има висок процент масти. Полномасно месо. Полномастен кашкавал.
полномесест | прид.
Што содржи повеќе месо, што е нагласено месест. Полномесести ребра. Полномесестиот дел од бутот.
полномошен | прид.
Што има полномоштво, што е полномошен. Полномошен конзул. Полномошен министер.
полномошник | м.
Лице што има полномоштво, што има полмоношно право;
полномоштво | ср.
Писмена потврда, документ со кој се дава целосно овластување за извршување некаква дејност
полноправен | прид.
Што ги има пред законот сите права, овластен, ополномоштен. Полноправен член. Полноправен застапник. Полноправен учесник.
полнота | ж.
Целосна исполнетост, изразност во највисок степен. Полнотата на текстот. Полнота на гласот. Полнота на тонот.
полноценет | прид.
Со полна цена, со полна вредност;
полноќ | ж.
Средина на ноќта, 12 часот навечер. Се наближува полноќ.