полноќен | прид.

Што се однесува на полноќ, што се случува на полноќ или околу периодот непосредно пред и по полноќ. Полноќен час. Полноќна средба. Полноќна програма. Полноќни разговори.

полноќница | ж.

Полноќна црковна служба, полноќна литургија.

полов | прид.

Што се однесува на пол1. Полова припадност. Полов орган. Полов живот. Полови односи.

половен | прид.

Употребуван, користен предмет. Половни возила. Половна облека. Половни плочи. Половни книги.

полови 1 | несв.

Дели на половина, двои наполу, преполовува. Тие го половат имотот.

полови 2 | св.

Лови малку или уште малку.

половина | прил.

Количество приближно или точно до средина или дополу од нешто; полу, дополу. Половина ден. Стигнавме до половина пат. Одевме половина час. Половина килограм.

половина | ж.

а) Еден од двата приближно еднакви дела, од нешто преполовено. Тие присвоија половина двор. Половината од имотот. Половината од куќата е моја. Половина лубеница. б) Дел од количество, множество, од определен поим што се добива со делење со два. Половина од сто. Половина месец.

половичен | прид.

Нецелосен, делумен, неполн. Половичен успех. Половична вредност. Половично решение.

половник | м.

Стара мерка, околу 20 оки; половина ведро, котел, половина вреќа. Еден половник вино донесоа. Донесе пет половници брашно.